За парламентарните избори во Црна Гора, кои се закажани за 11 јуни, свои листи поднесоа 17 политички субјекти.

До истекот на рокот на полноќ листи доставија „Правда за сите“ Владимир Лепосавиќ, листата „La casa del papel-Куќа од хартија“, движењето „Пресврт“, Движењето за промени, сојузот „Можеме за граѓанска Црна Гора“, Хрватската граѓанска иницијатива (ХГИ), како и СДП на Црна Гора.

На изборите ќе учествуваат и ДПС со партнерите – листа „Заедно“, Албанскиот форум, Бошњачката партија, Движењето Европа сега, сојузот „За иднината на Црна Гора“, сојузот Демократи и УРА, сојузот СНП – Демос, Албанската алијанса, сојузот Вистинска Црна Гора – ДХС – ДСС-СЦГ – Движење за Пљевља и Црногорската граѓанска акција.

Државната изборна комисија сега треба да одлучи за валидноста на поднесените листи, со исклучок на листата „Правда за сите“, која е веќе потврдена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.