Шефицата на пратеничката група на движењето Самоопределување, Мимоза Кусари денеска изјави дека Владата на Косово не е во конфликт со САД во однос на Заедницата на општини со српско мнозинство (ЗСО).
Владата на Република Косово не е во конфликт со САД и никогаш не била. Можеби имаме различни мислења во однос на процесот на дијалог и агендата, изјави таа по седницата на Претседателството на Собранието на Косово.
Таа, за утрешната средба во Амбасадата на САД за ЗСО, на која не е поканет косовскиот премиер Албин Курти, наведе дека од Амбасадата се поканети некои министри за кои се смета дека можат да придонесат во дискусијата.
Кусари ги отфрли критиките дека на дискусијата нема да има претставници на Владата, повторувајќи дека „има доволно министри и претставници од кабинетот на високи функционери кои се поканети да разговараат“.
Таа посочи дека ЗСО не може да се формира без согласност на Владата.
Американскиот пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар изјави дека ќе најде алтернативни партнери доколку косовската Владата не ги формира ЗСО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.