Премиерот на Косово, Албин Курти изјави дека е загрижен поради потенцијалната нова ескалација на ситуацијата на северот на Косово, пренесува Газета експрес.
Курти додаде дека обновената ескалација, доколку се случи, не зависи од Косово.
„Она што не загрижува сега, повеќе од деескалација, е потенцијалот за повторна ескалација. И таа обновена ескалација не зависи од нас. Имате гаранција од Владата на Косово, од нашите државни органи и од мене како премиер дека никогаш ништо нема да направиме, никогаш никаде нема да придонесеме за ескалација“, рече Курти и додаде:
„Ако дојде до тоа, тогаш адресата која треба да се бара, како што е познато, е официјален Белград“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.