Аналитичарот Африм Хоти за Косово онлајн изјави дека очекува решение за српскиот динар да биде постигнато на следната средба, закажана за следниот четврток, меѓу преговарачите во рамките на дијалогот во Брисел.

Да, дефинитивно мислам дека на следниот состанок ќе се постигне договор. Според мене, проблемот со српската валута е преувеличен без никаква потреба и се чини дека и двајцата преговарачи, како од Србија, така и од Косово, изразија подготвеност да се најде решение. Тоа е дефинитивно итно потребно, пред се заради Србите кои живеат на Косово за да можат да ги уживаат своите права и да бидат рамноправни со другите граѓани. Политичкиот маратон меѓу двете земји ќе заврши следната недела – рече Хоти.

Тој посочи дека затоа е потребен притисок од меѓународната заедница.

– Неопходен е притисок, особено ако се земе предвид отсуството на комуникација меѓу двете влади, меѓу Србија и Косово. Досега веќе се покажа, без реален и сериозен притисок од меѓународната заедница нема да има договор. Во овој поглед, мислам дека западните сили се решени да ги преземат неопходните чекори за да ги убедат страните да постигнат договор – заклучува аналитичарот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.