Лидерот на партијата Движење самоопределување, актуелниот косовски премиер, Албин Курти доби нов четиригодишен мандат на чело на таа владејачка партија.
На вчерашните внатрешни партиски избори, како единствен кандидат, Курти доби 98 насто од гласовите, против него гласале 0,89 насто, додека 0,51 насто не се изјасниле. Самоопределување исто така соопшти дека за претседателка на организацијата Жените за самоопределување е избрана актуелната министерка за правда, Албулена Хаџиу, која освоила 94 отсто од гласовите, додека за претседател на младинската партиска организација, Младите за самоопределување, е избран Бехар Јашари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.