Косовскиот премиер Албин Курти одговори на изјавите на албанскиот премиер Еди Рама дека мировните сили на НАТО (КФОР) треба да ја преземат контролата врз северно Косово, велејќи дека всушност потребни се заеднички патроли на КФОР и косовската полиција долж границата со Србија.

Изјавата на Курти е дел од интервју за босанскиот медиум Истрага, кое во целост треба да биде објавено в недела, пренесува „Клан Косова“.

„Во врска со предлогот на албанскиот премиер Еди Рама за КФОР да ја преземе контролата врз северно Косово: Ни требаат заеднички патроли на нашата (косовска) полиција и КФОР долж границата меѓу Косово и Србија. (…) Насекаде во Косово, прва реагираше нашата полиција, потоа (мисијата на ЕУ за владеење на правото на Косово) ЕУЛЕКС, а дури потоа и КФОР. И мислам дека оваа формула не треба да се менува“, изјави Курти за „Истрага“, пренесува Клан Косова.

Албанскиот премиер Еди Рама вчера изјави дека КФОР треба да ја преземе контролата врз северот на Косово. Тој смета дека „не само што мора под итно да се подигне нивото на застапеност на евроатлантската заедница во дијалогот, туку мора да се земе предвид дека тоа е направено  заедно со залихите на сите тие договори, некои потпишани, некои усно прифатени, но генерално неприменети”

Според него, одложувањето на преземањето на овој чекор “може да донесе дури и голем број жртви на вооружен конфликт и затоа  КФОР треба да ја преземе контролата врз северот на Косово“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.