Портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс изјави дека САД го поздравуваат постигнатиот договор меѓу Белград и Приштина за регистарските таблички, што се „мерки за да се избегне понатамошна ескалација на тензиите“.
Го поздравуваме договорот меѓу двете земји, кој целосно и итно ќе ги нормализира односите под покровителство на дијалогот на ЕУ. Го поддржуваме дијалогот со ЕУ како најдобар начин Србија и Косово да имаат европска иднина, посочи Прајс.
Тој додаде дека САД ја поздравуваат одлуката на двете страни да ги стават интересите на луѓето на прво место и да го подобрат квалитетот на секојдневниот живот.
Претставниците на Белград и на Приштина, Петар Петковиќ и Бесник Бисљими во Брисел постигнаа договор за регистарските таблички
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.