Премиерот на Косово, Албин Курти порача дека ќе соработува со САД во изнаоѓањето на решение за нормализирање на односите со Србија. Курти додаде дека „мора да разбереме дека имаме сè поабнормална Србија“.
Запрашан за француско-германскиот предлог, Курти го повтори ставот дека Косово го смета овој предлог за „добра основа за понатамошни разговори“, но дека Србија го отфрлила и дека сега ќе биде неопходно „сите да се занимаваат со тоа“.
Предлогот на Европската унија, познат и како француско-германски предлог, наводно бил доставен до партиите на крајот од летото. Тој ја има поддршката од Франција, Германија и САД.
Во документот се наведува дека клучните елементи на овој предлог на ЕУ за нормализација на односите меѓу двете земји се: почитување на територијалниот интегритет, неповредливост на границите, признавање на државните симболи и посебен аранжман за српската заедница на Косово.
Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, на 11 ноември порача дека суштината на француско-германскиот предлог е неприфатлива за Србија, бидејќи предлогот се заснова на фактот дека Косово е независно. Курти, исто така, рече дека посетата на високиот советник на американскиот Стејт департмент Дерек Шоле е повеќе од добредојдена. Шоле ќе го посети Косово на 11 јануари, а Србија еден ден подоцна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.