Косовскиот премиер Албин Курти изјави денеска дека „демократијата не може да биде суспендирана или заложник“.
Во видео-обраќање на Фејсбук, Курти рече дека Приштина ја зајакнала комуникацијата со меѓународната заедница и дека смирувањето на ситуацијата е заедничка цел.
Според него, албанските градоначалници на општините на северот на Косово и покрај слабата излезност на изборите поради бојкотот на Србите „се уште се единствените кои имаат легитимитет да бидат во општинските згради и во служба на граѓаните“ и имаат целосна поддршка од властите во Приштина.
Курти обвини екстремно десничарски групи, кои ги поврзува со Милан Радоичиќ и Звонко Веселиновиќ, но и со претседателот на Србија Александар Вучиќ, првиот човек на БИА Александар Вулин и министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ.
Тој оцени дека протестот на кој беа нападнати полицијата и КФОР „не е протест за општината, туку за власта“ и додаде дека на Косово власт може да се добие само преку избори, а не со насилство и криминал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.