Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, соопшти дека разговарал со хрватскиот колега, Гордан Грлиќ Радман за начините на кои Хрватска може да и помогне на Украина.
Загреб се сеќава на почетокот 1990-те години кога Украина им помагаше на Хрватите во текот на војната. Хрватска сега работи на тоа да ни се оддолжи. И се заблагодарив на Хрватска што ги поддржа санкциите против руските освојувачи – напиша Куленба на твитер.
Грлиќ Радман во петокот за Н1 телевизија потврди дека Хрватска ги поддржува санкциите против Русија и дека ќе биде замрзнат имотот на рускиот претседател, Владимир Путин и министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.