Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека се можни ограничувања на струјата, бидејќи Албанија не успеала да добие доволно струја.
Рама рече дека Владата подготвила план за вонредна заштеда на електрична енергија, со кој се предвидуваат намалувања во случај на потреба, пренесува весникот „Албанска пошта“.
Го направивме овој план во случај на итни или вонредни ситуации. Луѓето да почнат да штедат- рече Рама по разговорот со градоначалниците на Поградец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.