Американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил денеска изјави дека амбасадорите на Квинтата сметаат дека ситуацијата на северот во Косово е многу опасна и ќе бидат потребни дополнителни напори за да се најде причината за целата ситуација.

Тоа е трагичен настан и сите мора да го осудиме убиството на припадникот на косовската полиција. Се разбира, ние секогаш жалиме за загубените животи, но важно е да се запамети дека мора да продолжиме со политичкиот процес. Мислам дека се во тек процеси за дополнително поттикнување на дијалогот, изјави Хил.

Неговата изјава беше дадена по новинарско прашање да ја коментира средбата на амбасадорите на Квинтата и како тој гледа на ситуацијата на Косово.

Хил истакна дека може да каже дека ситуацијата се третира многу сериозно и дека има бројни дискусии и разговори за следните чекори што треба да се преземат.

Дипломатскиот процес мора да се зајакне во наредните денови и недели, рече Хил, пренесоа белградски медиуми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.