Американскиот амбасадор во Белград Кристофер Хил за српската телевизија Н1 изјави дека врската меѓу Србија и Русија од ден на ден слабее и дека истовремено се зголемува интересот за соработка со ЕУ и поголем интерес за соработка со САД.

Хил за телевизијата Н1 изјави дека ставот на САД е Србија да се приклучи на санкциите против Русија, наведувајќи дека не е точно оти Белград ништо не направил, бидејќи во Обединетите нации ја осудува руската агресија врз Украина. Тој изјави дека „конструктивниот пристап“ на Белград кон европскиот план за нормализација на односите со Приштина на крајот ќе влијае врз брзината со која Србија се приближува кон Западот.

Србија веќе одлучи да се сврти кон Западот и за многу Срби е фрустрирачки што процесот (европската интеграција) трае толку долго. Се надевам дека резултатот од сето ова ќе биде многу подобро, побрзо темпо.

Хил не одговори директно на прашањето дали Вучиќ или косовскиот премиер Албин Курти повеќе соработуваат со Западот.

Ако мислев дека одговорот на тоа прашање ќе помогне во преговарачкиот процес, би одговорил, но тоа ќе го оставам на вашата фантазија, рече Хил.

Тој посочи дека формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство е главното прашање за исполнување на Бриселскиот договор.

Мислам дека има итна потреба сите да се согласат за тоа и да разберат дека штом прифатиш нешто, мора да продолжиш“, рече Хил.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.