Криминалот од солунското пристаниште продира и до Македонија, се наведува во истражувањето на Глобалната иницијатива против организиран криминал за ранливоста во безбедноста на балканските пристаништа.
Пристаништата со контејнери во Југо-Источна Европа стануваат сè по поранливи на трговија сонедозволени стоки, се вели во извештајот насловен „Порозни пристаништа: Истражување напоморските балкански патишта“, публикуван денеска од Глобалната Иницијатива Против
Транснационалниот Организиран Криминал.Истакнувајќи голем број големи заплени на кокаин, хероин и цигари од 2018 година па до денденеска, авторите сугерираат дека традиционалниот „балкански пат“ за трговија преку копно се надополнува со поморски патишта кои стигнуваат до пристаништата во Јадранското, Егејското и Црното море.
„Се чини дека има промена во моделите и шемите на шверц “, изјави коавторот Волтер Кемп.
„Тоа веројатно е така поради мерките наменети за ограничување на миграциските текови и
КОВИД; ефектот на поместување на големите заплени на кокаин во Белгија и Холандија; ипрекинот предизвикан од војната во Украина, шеверцерите сега бараат алтернативни патишта.”
Големите заплени на кокаин – обичично задскриени во кутии со банани – во пристаништата какоДрач (Албаниа), Плоче и Ријека (Хрватска) и Солун (Грција) предизвика сомнеж дека пристаништата во Југо-Источна Европа стануваат се поатрактивни за трговците со луѓе.
Овие констатции идат во прилог на големите заплени на хероин во пристаништата Констанца(Романија), Копер (Словенија) и Варна (Бугарија), како и долгогодишниот проблем со шверцот нацигари, кој се одвива особено преку пристаништата Бар (Црна Гора) и Пиреја (Грција).
Базираните заклучоци се врз студија на случај за овие девет комерцијални пристаништа ворегионот, а извештајот ги следи главните рути на трговија со луѓе и ги објаснува употребенитетехники за прикривање. Извештајот, го разгледува и екосистемот на пристаништата и нивните ранливости и ги опишува криминалните актери кои дејствуваат во и околу пристаништата.
„Во некои пристаништа, се чини дека постојат ќелии на криминални групи кои работат како делод пошироки транснационални мрежи“, вели главниот автор Руџеро Скатуро.
Неколку пристаништа се магнети за криминал, кои не само што ги привлекуваат локалникриминални групи туку ги привлекуваат и оние од земјите без море на кои им е потребен излездо морето.
Зголемените инвестиции во инфраструктурата ќе ги направат балканскитепристаништа попривлечни за бизнисот – законски и незаконски. Затоа е важно да се подобрибезбедноста на регионалните пристаништа, како и да се зголеми соработката меѓу институциитеза спроведување на законот долж поморските балкански рути“, додава тој.
Во извештајот се забележува дека безбедноста на пристаништата во југоисточна Европа еподобрена во изминатата деценија поради поголемите инвестиции во технологијата, усогласувањето со меѓународните безбедносни стандарди, како и поддршката и обуката од организации како Канцеларијата на ОН за дрога и криминал и ЕВРОПОЛ, и билатерална помош.
Но, како и во другите пристаништа низ светот, техничките подобрувања понекогаш се поништуваат поради корупција.
Извештајот, истовремено, ја нагласува и ранливоста на реката Дунав од нелегална трговија. „Се чини дека Дунав е „слепа точка“ и таа заслужува поголемо внимание, особено порадипотенцијалот за шверц на гориво“, вели Кемп.
„Заканата од нелегалните пазари околу Црното Море треба да поттикне поблиска регионална соработка со главна цел а таа е за спроведување на законот“, предложи тој.
Авторите, дополнително, препорачуваат поголема соработка помеѓу управителите на
пристаништа, полициите, бродските компании и царинските агенции долж познатите рути нанелегална трговија, на пример помеѓу Латинска Америка, Западна Европа и Западен Балкан.
„Треба да преминеме од само гледање на безбедноста на пристаништата кон следење и нарушување на транснационалните текови“, заклучува Скатуро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.