Портпарлот на Кремљ, Дмитриј Песков, на брифинг за новинарите, коментирајќи го потенцијалниот влез на Србија во БРИКС, изјави дека ЕУ ги условува о ги притиска српските власти.
Затоа, како што кажа Песков, Русијс има разбирање за нејзините српски пријатели.
Европската Унија навистина ги врзува рацете на Србија и постојано го условува процесот на соработка. Секогаш има одредени услови. БРИКС никому не наметнува никакви услови. Тоа е формат на интеракција заснован на взаемно почитување и подготвеност да се одговори на грижите и интересите на другите“, истакна Песков на брифингот.
Кога станува збор за влезот на Србија во БРИКС, Песков порача дека треба да се разбере притисокот со кој се соочуваат српските пријатели, но дека Русија е убедена оти ќе биде донесена одлука која ќе одговара на интересите на народот на Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.