Триесет и деветгодишна жена е вонсудски прогласена за виновна пред судот за прекршоци во Загреб за психичко насилство врз нејзиниот поранешен сопруг во присуство на нивното малолетно дете, кое било оценето како семејно насилство.
Жената е должна да плати глоба во износ од 929 евра.
Според пресудата, оваа жена минатата година во мај извршила психичко насилство над нејзиниот поранешен сопруг пред нејзината куќа во Загреб во присуство на шестгодишно дете.
Наводно го навредила поранешниот сопруг со зборовите: „Крадец, ѓубре, дебела свиња, ќе те скршам“.
Ова, се наведува, предизвикало повреда на достоинството на сопругот и немир, што е оценето како психичко насилство во семејството.
Жената признала дека се скарала со бившиот сопруг, но негирала дека тоа било во присуство на детето.
Се чини, пренесува хрватскиот портал Индекс, за пресудата пресудно било сведочењето на новата девојка на поранешниот сопруг, која тој ден била присутна и раскажала што му рекла осудената на поранешниот сопруг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.