Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Бардолино, Италија, се сретна со претседателот на Србија Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама.
Ковачевски, Вучич и Рама ќе присуствуваат на 55. меѓународен Саем на вино и алкохолни пијалоци „ВинИтали“ во Верона.
-Пред почетокот на меѓународниот саем за вино „ВинИтали“ кој деновиве се одржува во Верона, ги потврдивме нашите заложби за економски просперитет на државите. Со заеднички политики го развиваме регионот и овозможуваме подобар живот за сите граѓани, напиша Ковачевски на својот фејсбук профил.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.