Во Приштина денеска почна „Маршот за правда“, во кој, според првичните проценки, учествуваат неколку десетици илјади косовски граѓани за поддршка на лидерите на Ослободителната војска на Косово, чии судење ќе почне утре во Специјалниот суд во Хаг, пренесе Бета.

Учесниците на маршот извикуваат слогани за ОВК, носат транспаренти со пароли „Слободата има име“ со слики од Хашим Тачи и Кадри Весељи, „Историјата не може да се промени“ и други пораки за поддршка на обвинетите пред Специјалниот суд во Хаг- Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Сељими.

Учесниците на маршот ги носат знамињата на Косово, Албанија и на ОВК. Тие продолжуваат со движење кон споменикот на Скендербег, на истоимениот плоштад, каде се очекува некој од организаторите да им се обрати на учесниците на маршот.

Поканата за организирање на маршот ја поддржаа сите политички партии, невладини организации и познати личности во Косово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.