Бугарскиот пратеник Костадин Костадинов на отворањето на Културно информативниот центар на Бугарија во Скопје го повтори радикалниот став дека Македонија е втора бугарска држава, односно треба да бидеме една држава која ќе се протега од Црно Море до Охридско езеро.

Се разбира, Македонија е втора бугарска држава. Секој Бугарин во Бугарија ја сака Македонија, ние сме еден народ, зборуваме еден јазик и имаме заедничка култура. Јас ништо не ве убедувам, имате глава на рамењата. Јас ви велам, ли како да се чувствувате? Зошто тогаш на луѓето тука кои сакаат да се чувствуваат како Бугари им забранувате така да се чувствуваат? Со вас зборувам еден ист јазик, се разбираме. Јас немам против да чувствувате како Македонци – рече тој.

Во центарот на Скопје Костадинов и неколкумина негови колеги од партијата ја негираа македонската посебност и историскиот факт дека тогашна фашистичка Бугарија не окупирала, а не не ослободила како што сметаат тие.

Бугарија и Македонија воделе војна, кога било тоа? Имавте ли држава во Втората светска војна? Дајте ми документи каде што има окупација. Тука се создадени комитети кои ги пречекале бугарските војски. Кој ги избрка германските војски, нашите војски ве ослободиле. Документите тоа го велат – истакна тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.