Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља, кажа дека косовската полиција успеала да воспостави контрола над територијата во Бањска. Тој кажа дека досега се убиени тројца напаѓачи, дека има шестмина уапсени, од кои двајца ранети и во униформи, и уште четворица кои се фатени дека пружаат поддршка преку радио.
„Ја ставивме територијата под контрола. Тоа беше направено по неколку последователни борби. Имавме жртва. Операцијата ја изведовме без други жртви. Имаме шестмина уапсени, од кои двајца ранети во униформи, а уште четворица кои преку радио ја поддржувале операцијата. Најмалку тројца убиени напаѓачи се идентификувани и се во транспорт“, кажа тој.
Додаде дека полицијата открила и големо количество муниција, експлозив, униформи, логистика и храна.
„Косовската полиција откри исклучително количество експлозив, униформи, логистика, храна, опрема за барикади, што била опрема за неколку стотици други напаѓачи. Спремни се да го нарушат суверенитетот на Косово“, додаде Свечља.
Кажа дека некои од уапсените припаѓаат на терористичката организација „Цивилна заштита“.
„Тие се фатени живи благодарение на жртвата и посветеноста на косовската полиција. Ова е терористичка група, бидејќи се вмешани во терористички дела. Некои од нив се идентификувани како дел од „Цивилна заштита““, додаде.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.