Владата во Косово на денешната седница одобри три договори потпишани како дел од Берлинскиот процес, а тоа се за слободно движење само со лични карти за граѓаните на Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија, како и за признавање на дипломи и стручни квалификации од тие држави.
Владината одлука ќе биде испратена до Собранието на ратификација.

Договорот на земјите од Западен Балкан за слободно движење само со лични карти, признавање на дипломи и професионални квалификации, беше потпишан на 3 ноември минатата година, на иницијатива на Германија како дел од Берлинскиот процес.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.