Министерката за надворешни работи на Косово, Доника Грвала, по средбата со нејзиниот грчки колега, Гиоргиос Герапетритис, во рамки на заседанието на Генералното собрание на Обединетите Нации, изјави дека Грција е „главниот актер“ на Балканот, со кого Косово споделува низа вредности и цели.
Во објава на нејзината страница на платформата „Х“ (поранешен Твитер) Грвала информира дека со нејзиниот грчки колега разговарала соработката меѓу Косово и Грција на повеќе полиња.
Грција е главниот актер во нашиот регион со кого делиме цела низа вредности и цели. На срдечната средба со мојот колега Гиоргиос Герапетритис разговаравме за нашите пријателски односи на полето на бизнисот, културата и политиката. Благодарна сум за нашето партнерство, напиша Грвала.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.