Парламентарното собрание на НАТО, во рамки на на пролетната сесија што ќе се одржи викендов во Софија, се очекува да расправа и да го одобри барањето на Собранието на Косово за унапредување на статусот од парламентарен набљудувач во придружна членка.

Косово ќе се најде на дневен ред на Парламентарното собрание на НАТО, кое ќе започне со работа на 25 мај во Софија, Бугарија. Во оваа прилика, Собранието на Косово има за цел да го финализира унапредувањето на статусот за придружна членка во оваа организација.

„На состанокот во Софија, пратениците на земјите членки на НАТО ќе разговараат и ќе одобрат одлуки за барањата на Малта и на Собранието на Косово да станат делегации на придружните членки. Меѓу темите на форумот ќе бидат и предизвиците во земјите од Западен Балкан, заедно со стратегиите за поддршка на партнерите во ризик. Овие дискусии ќе ја нагласат посветеноста на Собранието за стабилност во клучните региони од стратешки интерес, како и за поттикнување на поширок дијалог за глобалните предизвици“, се вели во соопштението на Парламентарното собрание на НАТО.

На пролетната сесија на Парламентарното собрание на НАТО ќе учествува и делегација од Собранието на Косово.

Косово долги години има статус на членка набљудувач, а статусот е највисоко ниво на присуство во Собранието до полноправното членство на Косово во Северноатлантската алијанса.

Со зголемувањето на нивото на застапеност ќе се прошири делегацијата учесничка на Косово, ќе има поголема вклученост во одлуките на Собранието, а Косово може да придонесе за адресирање на амандманите и коментарите поврзани со документите со кои се занимава Собранието. .

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.