Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, откако врачи награда на победник во трка со коњи во Барбан на полуостровот Истра, доживеа мала непријатност кога коњот се сврти и го поттурна претседателот, но за среќа реагираше неговото обезбедување кое спречи тој да падне наземи.

Претпоследниот викенд во август во Барбан е резервиран за традиционална трка со коњи, која привлекува многубројни гости од тој дел на Истра.

Милановиќ, кој му ја врачи наградата на победникот Петар Бенчиќ, обидувајќи се да се фотографира со неговиот коњ, доживеа мал инцидент, откако коњот го поттурнал претседателот, но за среќа без последици.

Обезбедувањето го задржа Милановиќ откако коњот се сврти кон него и спречи поголем инцидент.

Во продолжение погледнете го видеото:



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.