Центарот за демократска транзиција (ЦДТ) по преброените 100 отсто од гласовите на денешните вонредни парламентарни избори во Црна Гора, посочи дека најдобар резултат освои Движењето Европа сега (ПЕС) предводено од Милојко Спајиќ – 26 отсто од гласовите.
Втора е листата „Заедно“, предводена од Демократската партија на социјалистите (ДПС) на Даниел Живковиќ, со 23 отсто од гласовите.
На трето место е коалицијата „За иднината на Црна Гора“ – Демократски фронт (ДФ) со 15,1 отсто, а на четврто е листата „Алекса и Дритан – Храбро се брои“ составена од Граѓанското движење УРА на досегашниот технички премиер Дритан Абазовиќ и Демократите на Алексе Бечиќ со 13 отсто гласови.
Бошњачката партија има 6,8 отсто од гласовите.
Според овие податоци на Центарот за демократска транзиција (ЦДТ), распределбата на мандатите во црногорскиот Парламент сега ќе изгелда вака:
Движењето Европа – 24 мандати
Демократската партија на социјалистите (ДПС) и партнерите – 21 мандат
Демократски фронт (ДФ) – 14 мандати
Демократи-УРА – 12 мандати
Бошњачка партија – шест мандати
Албански форум – два мандата
Албанска алијанса – еден мандат
Хрватска граѓанска иницијатива (ХГИ) – еден мандат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.