Претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар, која престојува во официјална посета на земјава, е либерална адвокатка и поранешна комесарка за приватност на податоците, која е првата избрана на позицијата претседател на Словенија.
Таа е поранешна новинарка и водителка на главната словенечка програма за вести. Родена е во Пирц Мусар, која е родена во Љубљана пред 55 години, добила дополнителна обука на Си-Ен-Ен и на одделот за медиуми на Универзитетот Салфорд, пред да заврши докторат по право на Универзитетот во Виена. Таа беше избрана за словенечки комесар за пристап до информации од јавен карактер во 2004 година.
Пирц Мусар го предизвика интересот на јавноста кога беше ангажирана да ги штити интересите на Меланија Трамп, која е родена во Словенија, за време на американскиот претседателски мандат на нејзиниот сопруг Доналд Трамп, спречувајќи ги компаниите да се обидуваат да комерцијализираат производи со нејзиното име.
За време на предизборната кампања за претседателските избори во Словенија, големо медиумско внимание беше насочено кон профитабилната мрежа на компании во сопственост на Пирц Мусар и нејзиниот сопруг, поради обвинувањата дека префрлиле дел од своето богатство на банкарски сметки во даночни оази.
Пирц Мусар дојде на позицијата по иборите во декември 2022 година, како независна кандидатка поддржана од лево-центристичка коалиција. Иако во словенечкиот парламентарен систем, улогата на претседателот е главно церемонијална, Пирк Мусар порача дека таа ќе се однесува поинаку од претседателот во заминување, Борут Пахор, кој ретко интервенираше за внатрешно-политичките прашања за време на неговите два петгодишни мандати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.