„Клиентите“ на т.н Балканска мафија која ја сочинуваат Кавачкиот, Шкаљарскиот и кланот на Дарко Шариќ се повеќе се жалат дека не добиваат чист кокаин туку дека дрогата е помешана со шекер.

Таквата имама за првпат ја направил Младен Радуловиќ, морнар од Бар кој бил уапсен во 2020 година на бродот „Будва“ во Хамбург поради сомнение дека учествувал во шверцот на половина тон кокаин кој тргнувал од германското пристаниште за Нигерија.

Дрогата била натоварена на товарен брод во бразилското пристаниште Сантос, заедно со наливен шеќер што црногорскиот брод го транспортирал до пристаништето Казабланка.

Шеќерот бил истоварен во Мароко, а на бродот бил сокриен половина тон дрога, кој германската полиција го пронашла и запленила во товарниот простор во Хамбург. Екипажот на бродот го сочинувале 23 морнари од Црна Гора, меѓу кои и осомничениот Радуловиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.