Вонредните локални избори што ќе се одржат на 23 април во општините на северот на Косово ќе ги обезбедува косовската полиција, соопшти КФОР, пренесува Коха.
Од КФОР порачуваат дека ќе ја следат состојбата на север и дека ќе ја одржуваат подготвеноста на единиците на највисоко ниво за секое можно сценарио.
Тие додаваат дека очекуваат косовските институции ефикасно да управуваат со ситуацијата.
„Поради изборите закажани за 23 април во северните општини, обезбедувањето ќе го врши косовската полиција. КФОР продолжува да ја следи ситуацијата и да ги држи своите единици на високо ниво на подготвеност така што ќе бидат во можност да се соочат со секое можно сценарио, но очекуваме косовските институции ефикасно да управуваат со ситуацијата“, соопшти КФОР.
Во соопштението тие додаваат дека „мисијата предводена од НАТО останува целосно фокусирана на секојдневното спроведување на нејзиниот мандат – кој произлегува од резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН од 1999 година – да обезбеди безбедна средина и слобода на движење за сите заедници во Косово”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.