Во Турција од денеска е воведена туристичка такса односно ќе се наплаќа два отсто за сместување во хотели, туристички села, мотели, пансиони, како и туристички тури од туристички агенции.

Туристичката такса нема да ја плаќаат претставниците на дипломатските претставништва и меѓународните организации кои имаат дипломатски статус.

Одлуката за туристичката такса е донесена во 2019 година, но примената на одлуката беше одложена поради пандемијата на корона вирусот.

Претставниците на туристичката индустрија во Турција претходно се изјаснија против воведувањето на таксата со образложение дека тоа ќе ја ослаби конкурентската позиција на земјата, која, за разлика од многу други земји, претходно не наплатуваше туристичка такса.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.