Делови од Црна Гора и Хрватска беа погодени од силно невреме.

Во градот Беране во Црна Гора падна дожд проследен со град, додека северниот и централниот дел на Истра во Хрватска беа погодени од невреме со грмежи, град и пороен дожд.

 

Првичните информации покажуваат дека невремето не предизвикало поголема материјална штета.

Поради невремето, температурите во северниот и централниот дел на Истра паднале за околу десет степени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.