Две лица се повредени утрово во сообраќајна несреќа во Мирковци кај Винковци откако камион излетал од патот и влетал во куќа, информираат од Вуковарско-сремската полиција.

Камионот удрил во детската соба каде во моментот се наоѓало 14-годишното девојче, објави Индекс.

Според информациите се работи за 40-годишен возач кој е македонски државјанин.

Во болницата во Винковци ѝ ја сошиле главата, а од болницата потврдиле дека има полесна повреда во пределот на главата, поточно модринка и расекотина. Камионџијата има скршен нос, но сакал да ја напушти болницата по своја желба.

„Се разбудив, отидов да пијам кафе и наеднаш слушнав дека се скршило стаклото, се затресе и куќата, во миг помислив дека е земјотрес. Но жената доаѓа и вика: „Итно доаѓај горе, покривот падна!“, изјави за RTL Марко Микшиќ, сопственик на куќата.

Камионот буквално влетал во куќата, го скршил ѕидот и влетал во детската соба, каде во тоа време се наоѓало 14-годишното девојче.

“Кога дојдов, имав што да видам. Морав да ја скршам вратата за да влезам. Ми рекоа – “жено, не е покривот. Во нашата куќа влета камион”. На ќерка ми падна покривот или тула, уште не знам. Жената од болница пријавила дека ништо не е скршено, но ѝ ја сошиле главата. Девојчето е во свесна состојба“, додаде тој.

Тој потврдува дека камионот влетал во просторијата во која била неговата 14-годишна ќерка.

„Малата седна и рече – мамо, види ја крвта, крвта…“, вели тој.

Повеќе информации се очекуваат по истрагата која е во тек.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.