До ескалација на ситуацијата во Собранието на Косово дојде откако медиумите во Косово деновиве објавија серија прислушкувани разговори на шефицата на пратеничката група Движењето Самопределување, Мимоза Кусари-Лила со пратеникот од Српската Листа, Славко Симиќ и со потпретседателот на Српската Листа, Милан Радоичиќ кој е баран од косовските власти, а се наоѓа и на црната листа на САД поради вмешаност во меѓународен организиран криминал.
Опозициските партии денеска во говорницата на Собранието залепија транспарент на кој пишуваше „Здраво“, алудирајќи на поздравувањето на Кусари Лила со Радоичиќ. Додека премиерот на Косово, Албин Курти збореше од говорница, пратеникот на опозициската Демократскта партија на Косово, Мергим Луштаку му се доближи и го испрска со вода по што на овој чин возрвати вицепремеирот Бесник Беслими фрлајќи кон него шише вода. Веднаш потоа Луштаку ги турна министрите Хекуран Мурати и Албулена Хаџиу. Во меѓувреме, претседателот на Собранието на Косово ја повика полицијата во собраниската сала.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.