Поранешниот косовски министер за инфраструктура Пал Лекај е осуден на 3 години и осум месеци затвор за случајот со доделувањето дополнителни 53 милиони евра на конзорциумот Бехтел и Енка за изградба на автопатот „Арбен Џафери“, објави косовскиот весник Коха.

Тој е осуден за злоупотреба на службената положба и намерно оштетување на државниот буџет. Лекај е осуден и на дополнителна казна со која му се забранува да врши јавни функции во јавната администрација во траење од 3 години и шест месеци.

Заедно со него е осуден и поранешниот секретар на министерството Небих Шатри на една година и осум месеци, директорот за набавки Бесим Тахири на една година и осум месеци затвор и советникот Есет Бериша на 3 години и три месеци.

Бектел и Енка“ од страна на власта е избрана да работи и во Македонија и досега се дадени над 200 милиони евра е не е изграден ниту еден метар автопат.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.