Oдносот меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и рускиот лидер Владимир Путин е во „деликатна ситуација“, објави „Јутарњи лист“. Весникот пишува дека е откриено дека украинската армија користи ракети произведени во Србија и дека ги добила од Србија. Руските медиуми објавија дека 3.500 ракети М-21 ГРАД од калибар 122 мм и биле испорачани на украинската армија од познатата српска фабрика за оружје „Крушик“ од Ваљево преку Турција и Словачка и оценија дека оваа вест е „вознемирувачка и разочарувачка“ доколку Србија како „братски „сојузник“ работи зад грб на Москва, спротивно на нејзините изјави за „неутралност во овој конфликт“.
Всушност, проблемот се состои во тоа што Србија „ја поддржува руската страна“ во војната во Украина и прогласува неутралност, а Москва ја смета за сојузник, па оваа информација не му се допадна на Владимир Путин, објави овој медиум. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ја изрази својата „најдлабока загриженост“ за, како што рече, „информациите за продажба на српско оружје на Украина“ и побара од Белград „официјално објаснување за фактот дека српското оружје било доставено во Украина“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.