Доживотниот претседател на Југославија, Јосип Броз Тито, остана познат во историјата по своите светски турнеи, обиколките на земјите од другата страна на светот и патувањата кои траеја и по неколку месеци. Меѓутоа, во татковината, во срцето на Србија, постои град кој никогаш не бил со радост посетен од претседателот.
Урбаната легенда во областа Чачак вели дека овој град воопшто не го сакале сите владетели на Србија. Кралот Александар Караѓорѓевиќ го посетил само еднаш, поради погребот на војводата Степо Степановиќ, а и Тито го заобиколувал секогаш кога можел.
Приказната вели, дека за време на неговото триесет и петгодишно владеење, Тито седум пати бил во Чачак, но секогаш само во минување, на пат за Ужице. Речиси никогаш не дошол во Чачак со намера да гопосети градот, а историчарите сметаат дека тоа се должи на фактот што Тито до крајот на својот живот го доживувал овој град како близок до движењето Равна Гора и не вредело секој пат да биде дочекан од вознемирени толпи кога би се движел по улиците. Во очите на Тито, Чачанци секогаш останале – четници, веројатно поради близината на Равна Гора и песната „На планина, на Јелица“.
Во реалноста, извештаите на полицијата на Кралството Југославија од 1940 година го оценуваа Чачак како озлогласено „комунистичко жариште“ во Западна Србија. Познати комунисти од овој град биле Филип Филиповиќ, Коста Новаковиќ, Драгиша Мишовиќ, Милка Миниќ и Милош Миниќ.
Сепак, Тито имал поинаква перцепција за ова место. Постарите луѓе од Чачак и денес велат дека секој пат пред доаѓањето на претседателот на СФРЈ, една недела претходно превентивно биле апсени лица означени како противници на режимот, а етикетата на „бунтовнички град“ и место за избегнување била запечатени со ситуација кога за време на неговата втора посета на Чачак, само за време на говорот на Тито, снемало струја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.