Шеснаесетгодишна тинејџерка починала од алергиски шок откако конзумирала храна во локален ресторан додека била на одмор на првиот крак на Халкидики, јавуваат грчките медиуми.
Според првичните информации, тинејџерката отишла на ручек во ресторан и кога нарачала, прашала дали храната содржи состојка која и’ е забранета и на која е алергична. Според извештаите, од ресторанот ѝ кажале дека во јадењето што го нарачала ја нема таа состојка, па таа мирно го јадела својот оброк.
Откако го завршила ручекот, доживеала алергиски шок. Брзата помош пристигнала по 45 минути, но веќе било доцна.
Извршена е обдукција, а погребот на девојчето ќе биде денеска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.