Нови податоци објави иранската  хакерска група „Татковинска правда”, овој пат од базата на податоци за албански автомобили.

Во објавата има список на  возила, број на шасија и мотор, марка на возилата,  регистарска табличка,  име и презиме на сопствениците и местото на живеење.

Хакерите кои владините системи ги нападнаа на 15 јули а оние на Министерството за внатрешни работи, вклучително и ТИМС системот на граничната полиција,  вечерта на 9 септември, редовно објавуваат податоци, фотографии и видеозаписи од полициските камери.

Објавија и пораки од електронските пошти на министри, како и имиња на 105 илјади албански граѓани осомничени за криминални активности.

На нивната веб-страница групата деновиве објави податоци за премиерот Еди Рама, а пред тоа и за  директорот на албанската тајна служба, ШИШ, Хелидон Бендо



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.