Српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин во Дневникот на РТС рече дека српската полиција ја отфрли можноста за напад, особено напад со етнички мотиви, во случајот со исчезнатиот Матеј Периш од Сплит. Тој откри дека го следеле движењето на сигналот од мобилниот телефон на Матеј и дека тој се совпаѓа со претпоставките дека Матеј бил во Сава. Полицијата ја следела линијата на неговото движење таа кобна ноќ и дека сега се трага по тело.
Имаше обиди оваа трагедија да се сведе на ниво на национален конфликт. Белград е безбеден, отворен град. Ова е трагедија и српската полиција ќе го направи сè за да се расветли овој случај. И претставници од хрватската полиција беа тука и се уверија во нашата посветеност, дури и ни дадоа признание за она што го работиме. Ќе продолжиме да бараме и додека не се дознае вистината нема да запреме, изјави Вулин.
Во четвртокот полицијата извршила претрес на Големиот воен остров.
Верменските услови се лоши, студено е, но, професијата вели да ја следиме реката и ќе ја следиме додека не дојдеме до вистината. Ги следевме базните станици што ја покриваат областа и видовме како мобилниот телефон се движи преку реката, што се совпаѓа со тоа што Матеј бил во реката во тоа време. Да го тргнеме тоа на страна, заклучокот ќе биде непобитен во моментот кога истрагата ќе заврши. Но, ние ниту една информација не оставивме непроверена. Ги проверивме и изјавите на пророчиците, соседите, гледавме и „идиотски порно видеа“ во кои некој наводно личи на Матеј. Не може на ништо да се замери од работата на српската полиција, вели Вулин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.