Пожарот во трговскиот центар во Лушња во Албанија предизвика голема материјална штета, а околу 42 лица беа хоспитализирани поради проблеми со дишењето,меѓу нив и 8 пожарникари.

Во меѓувреме, пожарот беше неутрализиран околу полноќ, по речиси 9 часа борба со пламените јазици на пожарникарите.

Драматични моменти доживеаја граѓаните вчера во Лушња, каде трговскиот центар „Метропол“ беше зафатен од пламен, а потоа пожарот се прошири и на становите во соседните згради. Повеќе од 10 часа противпожарните бригади се бореле да го изгаснат пламенот.

Трговскиот центар е изграден во центарот на градот и се наоѓа помеѓу две згради од 12 ката, чии горните катови функционираа како станбени станови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.