Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија издаде ново предупредување за денеска, во кое пишува дека се очекува силна активност со грмотевици, ветер и дожд.
Развојот локално ќе биде многу силен и брз (ќе се движи од запад-северозапад кон исток) со понекогаш голем град, краткотрајни силни налети на ветрови и изолирани налети на ветер слични на урагани. Тешко е однапред да се одреди точната локација на почетокот, движењето и сериозноста на непогодите, но поголема е веројатноста за појава во доцните попладневни и вечерни часови во северниот, западниот, централниот и источниот дел на Србија, објавено е на веб-страницата на РХМЗ.
И Хрватскиот хидрометеролошки завод утрово издаде портокалово предупредување за невреме со грмотевици за речиси цела држава. Исклучок се Книнскиот и Дубровничкиот регион, за кои поради топлотниот бран е издадено портокалово предупредување. ДХМЗ објави дека попладнево и приквечер можна е локална појава на грмежи пропратена со силен ветер и обилни врнежи. Најголема веројатност за грмежи ќе има во подрачјето на Осиек.
Словенечката агенција за животна средина (Арсо) денеска издаде портокалово предупредување за невреме во цела Словенија, во периодот од 14 до 23 часот. Според Арсо, можна е силна бура, со град и налети на ветер и грмотевици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.