Ученичката што правела список на соученици за убиство, е избркана од училиштето во Бјеловар, Хрватска, каде што се случил инцидентот. Како што споделуваат бројни загрижени родители со локалниот медиум, Bjelovar.live, списокот за убиства со имиња и презимиња на учениците бил објавен пред неколку дена на „Тик ток“.
Била известена полицијата која за многу кратко време ја привела ученичката, а видеото набрзо било избришано. Сепак, наводно има скриншотови направени од ученици на училиштето, кои сè уште кружат по социјалните мрежи.
Сличен список на убиства немало само во едно училиште во Бјеловар, пренесува хрватскиот портал.
По масакрот во белградското училиште во регионот, како и во Македонија, се забележани повеќе слични инциденти за деца кои што се закануваат, прават списоци, носат или сликаат оружје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.