Триесетгодишната Ивана е уапсена откако по жестока расправија со нејзиното момче Роберт (22) во нивниот заеднички стан во Загреб, почнала да ги фрла неговите работи од тераса, пишува порталот „Даница“. Инцидентот се случил во јануари, а случајот сега го доби својот судски епилог.

Ивана, во видно алкохолизирана состојба, од терасата на улица ги исфрлила неговите лични предмети и облеката на улицата, што кај Роберт „предизвикало чувство на вознемиреност“, за што била побарана и полициска интервенција.

Таа вече била казнувана за семејно насилство, па судот одлучил дека преку ова психичко насилство таа го повторила кривичното дело семејно насилство на штета на поранешниот вонбрачен партнер.

Ивана е прогласена за виновна треба да плани казна од 390 евра. Против пресудата не е дозволена жалба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.