Италија дава пример за другите европски земји со тоа што испраќа мигранти во трети земји поради обработка на нивните барања за азил, изјави денеска италијанската премиерка Џорџа Мелони.

Мелони пред Сенатот на италијанскиот парламент рече дека испраќањето мигранти во двата мигрантски центри изградени од Италија во Албанија претставува, како што рече, „нов, храбар, начин без преседан, но кој совршено го одразува европскиот дух“.

Првата група мигранти, составена од 10 државјани на Бангладеш и шест Египќани, во неделата е спасена на море во близина на Либија, а утре треба да пристигнат во Албанија. Мигрантите се превезуваат кон Албанија со бродот „Либра“.

Центрите за мигранти во Шенѓин и Ѓадер на северот на Албанија почнаа да функционираат минатата недела.

Центрите ќе бидат целосно управувани од италијанската Влада, која платила за нивната изградба. Повеќе од еден милион мигранти стигнале до Италија по море во последните 12 години



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.