Полициската управа на Истанбул соопшти дека во работите на ископување во подрачјето на Саријер не е пронајдено ништо сомнително во ископувањето во областа Саријер и дека против оние кои ја доведуваат јавноста во заблуда ќе бидат преземени правни постапки, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението се наведува дека Секторот за борба против организираниот криминал откри дека лицето З.Б., странски државјанин и член на организирана криминална група, влегол во Турција со лажен македонски пасош издаден на име Ј.А.Б. и дека престојувал во Истанбул.

Тоа лице е фатено во подрачјето на Саријер во полициска акција спроведена на 4 ноември

При претрес во живеалиштето на тоа лице пронајдени се и запленети лажна лична карта, пасош и дигитален материјал.

По добиена дојава дека тело на едно лице е закопано во градината на истата таа резиденција, по налог на јавен обвинител извршени се работи на ископување и не е пронајдено ништо сомнително. Полициската управа на Истанбул работи на заштита на мирот и благосостојбата на нашиот град. Одлучно продолжува со борбата против сите видови криминал и криминалци, се наведува во соопштението.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.