Во Швајцарија денеска почнува судски процес против банката „Кредит Свис“ (Credit Suisse), обвинета за перење пари на бугарска криминална група за шверц со кокаин. Според обвинението, банката испрала милиони евра стекнати со криминална активност, од кои дел биле донесени во куфери.
Според Обвинителство, втората по големина банка во Швајцарија и еден од нејзините поранешни вработени не ги презеле неопходните мерки за да ги спречат бугарските шверцери на дрога да скријат и да исперат речиси 55 милиони во периодот од 2004 и 2008 година.
Швајцарските медиуми наведуваат дека огромните суми биле платени лично од Евелин Банев, водачот на групата, а истрагата почнала пред 14 години. Обвинението е на повеќе од 500 страници и се фокусира на поврзаноста на поранешна вработена во банката со Банев и неколку негови соработници, од кои двајца се обвинети.
Второто обвинение е против поранешната вработена во банката, која овозможила перење на парите. Според швајцарските медиуми, таа била родена во Бугарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.