Морнарот Петар Марчинко, кој исчезнал уште пред 30 години од Чепикуќа, на југот на Хрватска, пронајден е ѓив и здраво во Шпанија, каде што живее и денес.
Јавност се уште не ја знае причината за неговото мистеризоно заминување за Шпанија и зошто никогаш не контактирал со семејството.
Последниот податок за него бил достапен во април 1992 година кога како 39-годишник со бродот „Дубровник“ впловил во Хихон во Шпанија и оттаму му се губи трагот.
Дури 30 годони подоцна Дубровничко-неретванската полициска управа неделава добила потврда од меѓународни институции дека неговите податоци се појавиле во полициската станица Стон.

Дубровничкиот весник DuList наведува дека документите пристигнале по официјален пат преку Хрватската амбасада во Шпанија.

Не беше женет, немаше деца. Момче прва лига, од исто село сме, со него, што се вели, цигара сме делеле. Има 4 брата, двајца се покојни, а двајца се живи. Едниот е во Канада, другиот во Франција, велат неговите соселани.
Еден сосед додава дека требало да се качи на брод за Канада и да замине кај брата си, но од некоја причина никогаш не се качил на бродот за преку океанот, туку завршил во Шпанија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.