Грчката полиција е во потрага по 44-годишниот Радован Јурашиќ од Србија, кој е пријавен за исчезнат од страна на неговата сопруга. Се верува дека тој исчезнал додека патувал од пристаништето Пиреја кон островот Кос во понеделникот.

Во неделата, Јурашиќ се качил во автобус од Србија за Атина со крајна дестинација на пристаништето Пиреја, а во понеделникот се качил на брод од пристаништето Пиреја кон островот Кос, oд каде ја контактирал сопругата.

„Мисинг Алерт“ биле известени за исчезнувањето на 44-годишникот во средата и веднаш продолжиле со објавување на деталите за возрасниот, по барање на неговите блиски, бидејќи веруваат дека постојат причини што го довеле неговиот живот во ризик.

Сопругата вели дека тој веќе имал работено и на Кос и во Швајцарија, Русија и Романија, а ова е првпат да биде недостапен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.