На странска државјанка која заврши на итен царски рез во клиничката болница „Свети Дух“ во загреб, лекарот и оставил стерилна газа во стомакот, јавува „ХРТ“. Грешката е направена и покрај фактот што операторот со инструменти ги предупредил колегите дека недостасува една газа.

Поради пропустот постоела опасност пациентот да добие сепса. Следното утро, стручната комисија расправала за ова прашање и одлучила да направи дополнителен рендген на пациентката за да се отстрани сомнежот дека предметот што недостасува и е во утробата.

Рендгенот потврдил дека газата навистина завршила во утробата на пациентката. Поради ова, неполни 24 часа по породувањето, таа била подложена на нова операција. Веста за новиот скандал од болницата доаѓа само два дена откако директорката на болницата Ана-Марија Шимундиќ поднесе неотповиклива оставка, пренесува медиумот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.