Инциденти меѓу Роми и полицијата се случија доцна синоќа во делови на Солун и Атина откако припадници на ромската заедница протестираа поради 16-годишниот Ром кој во понеделникот беше застрелан од полицаец и е во критична состојба, јави дописничката на МИА од Атина.
Според грчките медиуми, Ромите палеле канти за отпадоци и ја нападнале полицијата, како во Солун, така и во Атина, а државната новинска агенција АНА-МПА објави дека по инцидентите во Атина, повредени биле десет полицајци, а уапсени седум лица.
Во понеделникот 16-годишниот Ром застанал на бензинска станица во Солун, наполнил бензин, побегнал без да плати и била информирана полицијата, по што полицајци со мотори го бркале возилото управувано од момчето, кое откако не одговорило на барањата да застане, според медиумите, било застрелано во пределот на главата од еден од полицајците и е хоспитализирано во критична состојба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.