По семејната трагедија, кога ја изгубил сестра си како 12-годишно момче, се свртел кон виртуелната реалност. Бегајќи од секојдневната комуникација со родителите, своите тинејџерски проблеми им ги доверил на луѓето од другата страна на Интернетoт.
Како дете му било интересно да комуницира преку форуми, а светлината на екранот набрзо го вовлекла во темните тунели од кои не можел да излезе.
Станал член на сектата „Црна роза“ и поминал низ изопачено искуство кое нормален ум не може ни да го замисли.
Денес е слободен човек, близок соработник на невладините организации кои се занимаваат со заштита на луѓето од секти, со тешки спомени од мрачното минато.
Својата грозоморна приказна Александар Стричевиќ ја раскажа во емисијата „Црна хроника“ каде детално опиша што му се случило во најозлогласената секта на овие простори.
Тоа беше период кога христијанството во голема мера се враќаше во Србија. Со оглед на тоа што имавме добар дел изолација со комунистичкото учење и посткомунистичкото време, луѓето немаа време да се посветат на религијата во деведесеттите. Сите се бореа за опстанок, вклучително и целата земја. Покрај христијанството, се појавија и други организации кои не беа пријателски настроени кон луѓето. Многу е лесно да вовлечеш некој во приказна која не е неповрзана со христијанството. Сатанизмот е дел од христијанството, кога човек верува во Бог, верува и во постоењето на злото. Единствената разлика е во тоа што сатанизмот го почитува Луцифер, паднатиот ангел. Некогаш ангел на светлината, најубавиот од Божјите ангели, тој падна поради својата суета. Поради истата суета, луѓето исто така потпаѓаат под крилото на сектите, рече Стричевиќ.
Во неговиот случај, трагедијата резултирала со оддалечување на семејството.
Секој од нас живееше со својата болка на свој начин. Мене во тој момент ми требаше некој канал на комуникација за да ги ослободам чувствата од себе, а во исто време да не оптоварувам некој од мојата околина (пријателите или членовите на семејството). Самото име „Црна роза“ беше популарно во Србија бидејќи беше симбол на сатанистичка активност, но имаше многу повеќе вклучени групи. Тие работат одделно, но дејствуваат заедно. Имаше неколку култови и се се сведува на учење на литература како Алистер Кроули. Не би сакал да ги рекламирам, но денес таа литература е достапна на два клика, вели Стричевиќ.
Секако, додава тој, никој нема да ви се претстави како секташ.
Тие мислат дека нивното верување е вистина и ќе ви се претстават како пријатели, какви што ми пријдоа и мене, дека се тука за тебе, да те исслушаат. Тоа беше место каде секој можеше да си го каже својот проблем, а останатите да го бодрат. Беше како групна терапија. Кога едно момче ќе види дека некој се грижи за неговите чувства, тогаш се отвора. Се отворив и јас. Таа дискусија не беше толку директна сè до моментот кога тие прашаа: „Веруваш ли во Бог?“. Автоматски одговорив дека верувам. Потоа ме прашаа: „Ако Бог е добар и постои, зошто не ја спаси сестра ти?“. Тоа беше прашање кое за мојата детска логика беше преболно. Таа никогаш никому не му направила нешто лошо, раскажува тој.
Тоа прашање било пресвртница и довело до подлабока комуникација, кога почнале приказните за духовноста, пронаоѓањето себе и сакањето себе како индивидуа.
Подигнување себе на духовно ниво преку ритуали. Сè што се прави во христијанството, се прави и во сатанизмот, само сосема обратно. Како што во христијанството има крштевање, во сатанизмот постои иницијација која бара свои жртви. Бидејќи жртвувањето не е поврзано со секташката активност, туку со самото христијанство. Само во христијанството човек жртвува нешто материјално или своите пориви и потреби, додека во сатанизмот жртвите се црни. Значи се бара жртвување на животни, на луѓе, а на крај и на самиот себе, откри тој.
Тој имал задача да убие свој близок роднина со одреден број на убоди со нож.
Во тој момент сè уште не се спомнуваше сатанизмот, туку духовно воздивнување и добивање некаква енергија за возврат. Со други зборови, ако убијам некого, ќе добијам моќ да ги надминам своите проблеми и да помогнам на некој друг. Се бараше нешто што беше премногу за мене. На крајот на краиштата, имав 12 години и тоа спомнување на нож и прободување само ме преплаши и сакав да ја прекинам комуникацијата. Но, тогаш почнаа да ме прогонуваат и заплашуваат. Ми се јавуваа на телефон и ми оставаа пораки на телефонската секретарка. Тогаш уште не им имав кажано на родителите, па трчав да ја кренам слушалката, пред тоа го направи некој друг. Дури добив и фотографии од мене додека сум на училиште и во тој момент бев сигурен дека сакаат да ме убијат. Иако сега кога размислувам за тоа, тоа беше само обично заплашување, со кое сакаа да ме натераат да си го одземам животот, вели тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.